Top Sport

Тухел запеа и доби „изненадување“ по првиот трофеј со ПСЖ (видео)

Пари Сен-Жермен со „вториот“ тим стигна до првата титула во новата сезона, откако лесно во францускиот Суперкуп со 4:0 го совлада тимот на Монако, носејќи го првиот трофеј на новиот тренер, Германецот Томас Тухел.

Мечот во Шенжен беше едностран, а по освојувањето на титулата, Тухел го чекаше вистинско изненадување – неговите фудбалери решија да му ја „развеселат“ прес-конференцијата и да улетаат на неа. Тухел исто така покажа дека има и добар глас, пеејќи на прес-конференцијата!

Ако се знае дека Германецот бара строга дисциплина, и неодамна наводно разговараше со сопствениците на дискотеките во Париз да го информираат кога неговите фудбалери се таму, тогаш засега, тој потфрлил во дисциплинирањето.

Тухел ќе ги бара ѕвездите на ПСЖ по дискотеки?

Да се знае кој е француски шеф! ПСЖ го „прегази“ Монако во суперкупот (видео)

Scroll to Top