Top Sport

Арсенал „топовски“ кон Хадерсфилд (видео)

Арсенал го декласираше тимот на Хадерсфилд со 5:0 за да ја продолжи добрата форма, а и Челси успеа да „извлече“ победа над Свонси во дуелите од 14. коло во англиската Премиер лига.

„Топчиите“ уште на стартот покажаа дека се расположени за игра, откако по одлична акција, новото засилување, Александер Лаказет уште во третата минута го совлада голманот на гостите, Јонас Лосл.

Оливие Жиру беше ѕвездата на второто полувреме, откако влезе на местото на Лаказет. Во 68. минута, Французинот постигна еден „класичен“ гол во стилот на Арсен Венгер, или „венгербол“ како што го нарекуваат фановите.

Алексис Санчез само минута подоцна по одличната асистенција на Месут Озил зголеми на 3:0, а три минути подоцна самиот Озил доби одлична топка за 4:0 по 72 минути игра. Германскиот ас Озил имаше гол и асистенција во помалку од три минути игра, покажувајќи зошто Арсен Венгер не сака да се откаже од неговите услуги во јануари. Жиру уште еднаш погоди по супер-додавањето од Сеад Колашинац за 5:0 во 87. минута.

Челси имаше далеку потешка задача да го „скрши“ отпорот на Свонси, победувајќи со голот на Ридигер во помалку сомнителна ситуација.

Барнли продолжува со добрите игри за импресивна 2:1 победа на гостувањето во Бурнемаут, со што новиот прволигаш е на шестото место во лигата со седум победи во 14 кола.

ПРЕМИЕР ЛИГА, 14.КОЛО

Арсенал – Хадерсфилд 5:0

Бурнемаут – Барнли 1:2

Челси – Свонси 1:0

Scroll to Top