Top Sport

Арсенал веќе е договорен со Обамејанг, се чека на Борусија

Британскиот весник „Мирор“ тврди дека Пјер-Емерик Обамејанг веќе ги договорил личните услови за трансфер од Борусија Дортмунд во Арсенал, каде што би бил замена за Алексис Санчез, кој во наредните денови треба да замине за Манчестер јунајтед.

Обамејанг неодамна повторно беше дисциплиниран од Борусија Дортмунд, и го пропушти мечот со Волфсбург во неделата (кој заврши 0:0), што беше негова трета суспензија во последните година дена.

Габонскиот интернационалец е еден од најдобрите напаѓачи во последните неколку сезони, а оваа сезона има 13 гола во само 15 настапи, со уште осум гола во другите натпреварувања.

„Оба мора да зборува со тренерот и да каже дали е подготвен да дава сè за Борусија Дортмунд. Тоа ќе го решат тренерот Петер Штегер и спортскиот директор Михаел Цорк. Тој е играч на ВБВ и ќе продолжи со тренинзи“, изјави по суспензијата директорот на клубот, Ханс-Јоаким Вацке.

Арсенал исто така можат да го добијат и Хенрик Мхитарјан од Манчестер јунајтед ако се остварат најавите за „замена“.

Свен Мислинтат, новиот скаут на Арсенал до неодамна работеше во Борусија Дортмунд и добро ги познава и Обамејанг и Мхитарјан.

Scroll to Top