Top Sport

Арсенал влегува во трка со Реал за потписот на Каи Хаверц

Арсенал ја следат ситуцијата на напаѓачот на Челси, Каи Хаверц и интересот од Реал Мадрид и се подготвени да влезат во наддавање за германскиот репрезентативец, тврди „Дејли мејл“.

Последните неколку недели, шпанските медиуми го посочуваа Хаверц како замена за Карим Бензема во кралскиот клуб, и голем проблем претставуваше високата сума од 70 милиони фунти кои ја бара Челси. Сега, во комбинација влегуваат и Арсенал на Микел Артета, иако се верува дека негов приоритет е ангажирање на фудбалер од средниот рд.

Хаверц, кој има уште две години од неговиот договор со „сините“, според „Дејли мејл“ подолго време размислува за заминување од „Стемфорд Бриџ“, незадоволен од честата промена на тренерите.

Scroll to Top