Арсенал пропуштиле шанса да го добијат фудбалерот на Реал Мадрид, Феде Валверде уште во 2016 година, кога Уругваецот бил на проба кај „топчиите“ додек бил фудбалер на Пењарол.
Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, на крајот одлучил да не ја искористи шансата да потпише со сега 25-годишниот фудбалер од средниот ред, кој има 208 настапи за „кралевите“ по првата сезона на позајмица во Депортиво Ла Коруња во 2017/18. Ова го откри самиот Валверде зборувајќи за поранешниот напаѓач на Арсенал, Алексис Санчез, пред дуелот со Чиле во квалификациите за СП.
„Не сум зборувал многу за ова, но секогаш ќе му бидам благодарен на Алексис. Кога тренирав со Арсенал, тој беше таму и беше еден од ретките кои дојде да ми помогне. Кога бев таму бев никој, дете кое не знаеше англиски и тој ми помогна. Секогаш ќе му бидам благодарен како човек, а како фудбалер сите знаеме дека неверојтен“, вели Валверде.