Арсенал се пласираше во четврт-финалето во ФА купот, единствена шанса за титула за „топчиите“ оваа сезона по испаѓањето од Лига Европа, откако со 2:0 победија на гостувањето кај третолигашот Портсмут, но во мечот го загубија Лукас Тореира по еден груб старт на дефанзивците на домаќинот.
Тореира беше приморан да излезе од игра уште во 16. минута на носилки и со боца кислород по грубиот старт на Џејмс Болтон, за кој тој не доби ниту жолт картон. Уругваецот беше заменет со Дани Себалјос.
Сократис во финишот на првото полувреме им донесе водство на „топчиите“, пред Еди Нкетија во 51. минута да ги постави конечните 2:0.