Top Sport

Арсенал во финишот до бод (Видео)

Арсенал не успеа да го победи Вулверхемптон (1:1) во 12.коло, во Премиер лигата. „Тобџиите“, во финишот успеаја да се спасат од пораз и да освојат еден бод.

Ерменецот, Хенрик Мхитаријан, во 86.минута го спаси Арсенал од пораз, откако Кавалеро уште во 13.минута им донесе водство на „волците“.

Ова беше трето реми во низа за Арсенал и се чини дека четата на Унаи Емери полека го губи чекорот со водечките. Арсенал е на петтото место има три бода помалку од Тотенхем, четири од Челси, шест од Ливерпул и осум од Манчестер сити.

Во наредната рунда Арсенал гостува кај Борнмут, а Вулвехемптон ќе ги пречекаат Хадерсфилд.

Scroll to Top