Top Sport

Окон ја реши трката во Бразил, победи Хамилтон (Видео)

Шампионот Луис Хамилтон е победник на трката за Големата награда на Бразил, на патеката „Интерлагос“. Место на победничкиот пиедестал покрај Хамилтон си обезбедија Макс Ферстапен (Ред Бул) и Кими Раиконен (Ферари). Трката ја реши Естебан Окон кој го спречи Ферстапен да дојде до триумф.

Хамилтон победи меѓутоа возач на денот е Ферстапен кој возеше брилијанта трка, успеа да ги мине двата болиди на Мерцедес и Ферари, а кога успеа да се „одлепи“ од Хамилтон, Окон го исфрли од патеката.

Возачот на Форс Индија, беше премногу агресивен во дуелот со лидерот Ферстапен, во ситуација кога возачот на Ред Бул се обидуваше да го мине за цел круг.

Окон доби казна од 10 секунди во боксот, а по завршувањето на трката Ферстапен се обиде физички да се пресмета со него, меѓутоа инцидентот беше спречен.

Зад најдобрите тројца следуваа Даниел Рикардо (Ред Бул), Валтери Ботас (Мерцедес), Себастијан Фетел (Ферари) кој возеше лоша трка.

Првото место на Хамилтон (негова 72 победа во кариерата) и петтото на Ботас на Мерцедес му ја обезбедија титулата меѓу конструкторите.

Шампионатот на Формула 1 ќе заврши на 25.ноември во Абу Даби.

Scroll to Top