Top Sport

Арсенал во новата песна на Дрејк: Ќе видиме како Арсенал ја освојува Премиерлигата

Арсенал се најде во новата песна на раперите Дрејк и 21 Севиџ, во која англискиот рапер вели дека „уште чека да го види Арсенал како ја освојува титулата“.

Новиот заеднички албум „Her Loss“ беше објавен во петокот и во една од траките, 21 Севиџ ја открива желбата за „топчиите“ да го кренат големиот трофеј. 21 Севиџ е роден во Лондон и е познат како навивач на „топчиите“, исто како и Дрејк.

За потсетување, Арсенал се на врвот на табелата по 12 меча со 10 победи, 1 реми и 1 пораз.

Scroll to Top