Top Sport

Арсенал вратиле една третина од влезниците за финалето во Баку

Арсенал и Челси добија по 6.000 влезници за финалето во Лига Европа, кое ќе се игра во Баку, но од „Емирејтс“ стадионот на УЕФА ѝ вратиле една третина од билетите, бидејќи навивачите не биле заинтересирани за пат до Азербејџан.

Стадионот во Баку има капацитет од 70.000 места, а како сега стојат работите нема да биде исполнет до пола. Покрај клубовите, влезници на УЕФА ѝ враќале и спонзорите. Ова е само еден од скандалите што се поврзани со ова финале.

Најголемиот секако е неиграњето на Хенрик Михитаријан. Ерменецот од Арсенал, од политички причини нема да биде со своите соиграчи во Азербејџан.

Scroll to Top