Top Sport

Унион Берлин ги испратија Штутгарт во Цвајта

Фудбалерите на Унион Берлин наредната сезона ќе играат во Бундес лигата откако во баражот беа подобри од Штутгарт.

Пресуден за пласман во Бундес лигата беше натпреварот што овие две екипи го одиграа пред четири дена во Штутгарт. Тој дуел заврши со резултат 2:2, а бидејќи вечерва во реваншот немаше голови Унион Берлин се пласираа во Бундес лигата, додека „швабите“ ќе играат во Цвајта.

Унион Берлин прв пат во својата историја ќе играат во елитната германска дивизија.

Наредната сезона германската престолнина Берлин во Бундес лигата ќе има два тима, Херта и Унион Берлин.

Scroll to Top