Челниците на англискиот првак Арсенал се подготвени да реализираат блокбастер трасфер до крајот на преодниот рок. Не е тајна дека нивна цел е Винисиус Жуниор. Според „Телеграф Спорт“, парите не се проблем. Подготвени се да му понудат на Бразилецот повеќе од 400.000 фунти неделно колку што заработува во Реал.
Бразилецот има само уште една година од договорот со „кралскиот клуб“, а кога ќе се земе предвид неговиот конфликт со новиот тренер Жозе Мурињо од пред неколку месеци – сценариото во кое тој ја напушта шпанската престолнина изгледа доста реално.
Вини и Мурињо се расправаа за време на дуелот помеѓу Реал и Бенфика, кога тренерот ја критикуваше провокативната прослава на голот на Бразилецот.
Доколку 26-годишникот одбие да ја продолжи соработката, ова лето е единствената можност Реал да заработи од неговото заминување.
Арсенал ќе го игра првиот подготвителен натпревар следната сабота во Џирона, а потоа ќе има дуели со Бетис, Борусија Дортмунд и Комо. После тоа, на 16 август, ќе се сретне со Манчестер Сити во Комјунити Шилд, натпреа со кој се отвора новата сезона во Англија.
Foto/ Depositphotos
