Арсенал се заинтересирани за крилото на Вилјареал, Јереми Пино, а „жолтата подморница“ е подготвена за договор доколку премиерлигашот плати над 45 милиони евра, тврди порталот „Гол“.
Пино имаше 77 настапи за Вилјареал пред да наполни 20 години, а исто така доби повик во шпанската репрезентација, за која има четири настапи и еден гол (на пријателскиот меч со Исланд). Пино има отпусна клаузула од 80 милиони евра, но Вилјареал се подготвени да прифатат и далеку пониска понуда од 45 милиони евра.
По заминувањето на Александер Лаказет и Пјер-Емерик Обамејанг и слабите игри на нивното рекордно засилување Никола Пепе, „топчиите“ бараат решение во нападот.