Top Sport

Мајката на Рабио го шокирала Манчестер јунајтед со барањата

Првите луѓе на Манчестер јунајтед биле шокирани откако Вероник Рабио, мајката и агентот на нивната цел, фудбалерот на Јувентус, Адриен Рабио ги поставила условите под кои нејзиниот син би се приклучил на клубот од „Олд Трафорд“.

По фрустрирачкиот преоден рок, во кој Јунајтед добија тројца фудбалери (Лисандро Мартинез, Кристијан Ериксен и Тајрел Маласија), но не успеаја да ја добијат својата главна цел, Френки де Јонг од Барселона, Рабио се покажа како алтернатива. Јунајтед веќе се договориле со Јувентус за трансфер од 15 милиони фунти, но сега следува тешката задача за преговори со Вероник Рабио, која бара фантастична сума за нејзиниот син.

Според „Ла газета дело спорт“, Вероник побарала годишна плата од 10 милиони евра за нејзиниот 27-годишниот син (162.000 фунти неделно), како и бонус за секоја сезона во која Јунајтед ќе се квалификува во Лигата на шампионите.

Иако се работи за големи пари, платата на Рабио би била далеку од највисоката во клубот – Кристијано Роналдо добива 500.000 фунти неделно, Давид де Хеа заработува 375.000 фунти, Џејдон Санчо 350.000 фунти, а Антони Марсијал 250.000 фунти.

Караници на трибините – мајката на Рабио „удрила“ по Погба и Мбапе

Дали е ова можно? Рабио се премислува за Јуве – ПСЖ му понудил нов договор!

Scroll to Top