Top Sport

Аршавин: Не ни требаат Бразилци во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец на Русија, Андреј Аршавин, остро се спротивставува на воспоставената пракса играчи што немаат никаква врска со земјата да играат за националниот тим.

Четворица странци се повикани за квалификациските натпревари, тоа се Роман Нојштедер, Константин Рауш, Гиљерме и Марио Фернандес.

Мајката на Нојштедер е Русинка, а Реуш е роден во Русија, што не е случај со Бразилците.

„Не сакам да ја гледам Русија за која играат Бразилци, каков што е случајот во футсал репрезентацијата. Случаите со Нојштедер и Реуш ги разбирам, тие имаат наши корени, тука нема ништо спорно. Но што ќе правиме со Фернандес и Гиљерме? Бразилци што играат за Русија. Тоа не можам да го разберам“, рекол Аршавин.

Гласот против странците прв го кренал Павел Погребњак. Тој рекол дека му е смешно кога гледа дека црномурен фудбалер игра во дрес на Русија. Погребњак веднаш е обвинет за расизам и се соочува со суспензија од 10 натпревари во руското првенство.

Фудбалската федерација на Русија не го поддржува ставот на овие фудбалери, а веќе има најава дека уште еден Бразилец ќе добие државјанство за да може да игра за репрезентацијата. Станува збор за напаѓачот на Кубан, Ари.

Погребњак: Смешно е кога црн фудбалер игра за руската репрезентација

Scroll to Top