Top Sport

Погребњак: Смешно е кога црн фудбалер игра за руската репрезентација

Руската влада ги осуди изјавите на напаѓачот на Урал Екатеринбург, ветеранот Павел Погребњак дека е „смешно“ црн фудбалер да игра за руската репрезентација

35-годишниот Погребњак, кој играше и во Премиер лигата во Фулам и Рединг, имаше 33 настапи за руската репрезентација, со која играше на Европското првенство во 2012 година.

„Не ја сфаќам поентата. Зошто Ари, кој е роден во Бразил доби руски пасош? Смешно е кога црн фудбалер ја претставува Русија. Марио Фернандеш е топ-фудбалер, но на негово место го имавме и Игор Смолчников. Можеме да играме и без странци во репрезентацијата“, изјави Погребњак.

На ова реагираше Михаил Федотов, шефот на советот за човекови права на рускиот претседател, Владимир Путин.

„Секој фудбалер кој игра добро и има руско државјанство има право да ја претставува Русија. Бојата на кожата, очите, косата и друго нема никаква врска и тоа треба да биде очигледно на сите. Оваа изјава мириса на расизам“, изјави Федотов.

Ари и Марио Фернандеш ја претставуваа Русија во последните 12 месеци откако добија руски пасоши, а Фернандеш постигна гол против Хрватска на СП минатото лето за да го однесе мечот на пенали (кои Хрватите ги добија).

Scroll to Top