Top Sport

Арслан: Резултатот не е реален

Шкупи со негатива од два гола ќе патува на реваншот кај Левски, во Конферециската лига. Вечерва во Скопје, Шкупи не ги искористи своите панси за да избори поволен резултат. За разлика од екипата на Џихад Арслан, гостите од Софија максимално ги искористија своите.

„Имавме три шанси во првиот дел. Задоволен сум од односот кон играта. Моите фудбалери покажаа страст. Честитки за Левски, но резултатот на овој меч не е реален. Резултатот не е во наша полза, но нема да одиме во Софија да се предадеме. Ќе одиме да одиграме храбр, да одиграме добро“, изјави тренерот на Шкупи, Џихад Арслан, кој беше незадоволен од изборот на УЕФА, мечот да го суди Израелец, бидејќи победникот од овој двомел во третото коло за противник ќе има екипа од Израел.

Scroll to Top