Top Sport

Артета менаџер на месецот во Премиер лигата

Микел Артета ја доби наградата за најдобар менаџер во Премиер лигата, во септември. По лошиот старт на сезоната, Арсенал, со Артета на клупата, забележаа три победи изминатиот месец.

Против Норич, Барнли и Тотенхем, играчите на Арсенал постигнаа пет и примија само еден гол, во дуелот со Тотенхем кога го имаа решено прашањето околу победникот.

Артета наградата ја доби во конкуренција на Јирген Клоп, Пеп Гвардиола, Греем Потер и Дин Смит.

Scroll to Top