Микел Артета вели дека Арсенал имаат „навистина ветувачки“ план за засилувања во текот на летниот преоден рок, откако фановите очеуваат повеќе пристигнувања по одличната сезона, во која до самиот крај беа најголемите ривали на Манчестер сити за титулата од Премиерлигата.
Се верува дека главна цел е капитенот на Вест хем, Деклан Рајс, како и Моисес Каиседо од Брајтон, но потенцијални обиди за Мејсон Маунт и Илкај Гундоган, и покрај силната конкуренција.
„Мораме да ги направиме вистинските одлуки и да бидеме фантастични во изборот на засилувања, кои ќе имаат големо влијание на нашиот тим. За тоа да се оствари, потребен ни е план, а тој е навистина ветувачки. Сега ќе направиме чекор назад, ќе ги разгледаме опциите и ќе продолжиме понатаму со глад за победи. Како ќе ги убедиме фубалерите? Со тоа што ќе објасниме кои сме, како ги вршиме нашите работи и како клубот смета да стигне до целта. Со купување на вистинските играчи за вистински износ ќе имаме подобра сезона“, вели Артета.