Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, пред дербито со Манчестер јунајтед вели дека неговиот тим е на првото место на Премиерлигата бидејќи клубот остана верен наа своите принципи.
Арсенал минатата сезона ја стартуваа со три порази во три меча, но управата на клубот реши да остане со Артета и покрај незадоволството на навивачите, по што тие се кренаа на првото место на табелата оваа сезона со пет победи во првите пет меча.
„За мене, кога си менаџер на голем клуб треба да си постојан. Тоа значи дека ако донесеш идеја, имаш визија и ја споделиш со фудбалскиот клуб, тогаш одиш во еден правец. Ако не го направиш тоа, тогаш ќе дојде некој друг и ќе се обиде. Затоа е клучно што ние останавме сплотени, што имаме заедничка цел која сум сигурен дека ќе ја оствариме. Оваа лига е многу конкурентна, мечевите се одлучуваат со најмали маргини. Секогаш можеш да имаш лош период, но треба да реагираш што е можно побргу“, вели Артета.