Top Sport

Артета: Арсенал се најголемиот клуб во Англија

Новиот менаџер на Арсенал, Микел Артета го нарече сопствениот клуб „најголемиот во Англија“ и изјави дека е уверен дека може да ги врати „топчиите“ на врвот на Премиер лигата.

Артета, кој освои две титули од ФА купот со Арсенал како фудбалер пред да се пензионира во 2016, го замени Унаи Емери на чело на лондонскиот клуб и во првиот меч одигра 1:1 со Бурнемаут, пред во последниот меч од 2019 да има посилен тест против градските ривали Челси. Тој вели дека има план да се вратат славните денови во северен Лондон и вели дека навивачите се дел од него.

„Мораме да го поврземе тимот со навивачите. Последните неколку сезони имаше некој прекин на односите, и губевме многу моќ. Тие се најважниот дел од еден фудбалски клуб и мораме да ги придобиеме, да им покажеме што правиме со клубот. Процесот ќе трае, но мораме да го направиме. Кога ќе видат дека тимот има идентитет каков што се навикнале кога го гледаат Арсенал, ќе бидат зад нас. Ние сме најголемиот фудбалски клуб во Англија и мораме да играме со таква верба и такваа ароганција. Треба да се плашат повторно од овој стадион, да мразат да доаѓаат тука“, вели Артета.

Scroll to Top