Top Sport

Мурињо губи нерви со дефанзивците: Секоја недела исти грешки!

Жозе Мурињо не беше задоволен по тешко извојуваното 2:2 реми на гости кај Норич во саботата, обвинувајќи ги дефанзивците на Тотенхем дека прават исти грешки секоја недела. Статистиката вели дека во 10 меча под водство на Португалецот, Тотенхем има примено неверојатни 17 голови.

„Мислам дека истите дефанзивни грешки кои ги правевме во првото полувреме, ги повторивме во второто. Тоа како да е дел од нашата историја. Почнавме многу добро и имавме три-четири големи шанси, но примивме два смешни голови. Овие грешки во одбраната се повторуваат со секој меч. Имаме многу работа, но тешко е кога сме ранливи пред голот. Имаше премногу индивидуални грешки“, вели Мурињо.

Scroll to Top