Top Sport

Артета: Боли кога вака ќе загубиш

Менаџерот на Арсенал Микел Артета од разочарувањето што му го предизвика елиминацијата од Лига Европа тешко ги наоѓал вистинските зборови.

Арсенал синоќа, по продолженијата, загуби од Олимпијакос 1:2. Грчкиот тим со вкупен резултат 2:2 успеа да се пласира во осмина-финалето. Голот за победа Ел Араби го постигна во 120 минута.

„Ваков пораз многу боли. Имавме големи планови во Лига Европа. Емотивно ова беше многу тежок натпревар. Вложивме напор против противник кој добро се бранеше. Успеавме да постигнеме гол, но примивме уште еден. Тешко се напаѓа кога противникот се брани длабоко со десет фудбалери. Сепак имавме доволно шанси за да забележиме победа. Моравме подобро да ја контролираме играта во последните пет минути“, рекол Артета.

Шпанецот цело време повторувал дека елиминацијата претставува големо разочарување за сите во клубот.

Арсенал сега ќе се обидат преку Премиер лигата да дојдат до четвртото место со што би обезбедиле учество во Лигата на шампионите.

Scroll to Top