Top Sport

Солскјер: Не бев сигурен дека ќе бидам меѓу живите кога Фред ќе постигне гол

Манчестер Јунајтед го декласира Клуб Бриж со 5:0 и се пласира во осмина-финалето во Лига Европа. Последните два гола „црвените ѓаволи“ синоќа ги постигна Бразилецот Фред.

На головите на скапо платениот Бразилец, кого многумина го сметаат за промашено засилување, особено се израдувал тренерот Оле Гунар Солскјер.

„Не бев сигурен дека ќе бидам жив кога Фред че постигне гол“, со насмевка коментирал Солскјер.

Инаку покрај Фред головите за Јунајтед ги постигнаа Бруно Фернандеш, Игало и Мектоминеј. Фред головите ги постигна во 82 и 93 минута.

Scroll to Top