Top Sport

Артета: Фасцинантен натпревар, загрижува повредата на Сака

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, ги пофали и играчите на својот тим и на Баерн и се осврна на повредата на Букаи Сака. Дербито во Минхен, во третото коло, од Лигата на шампионите, заврши 2:2.

„Ова е едно од највисоките нивоа што сме ги почувствувале. Два тима кои се притискаа еден со друг, сакаа да напаѓаат и да играат фудбал. Беше фасцинантен натпревар. Почнавме неверојатно добро, доминиравме. А потоа мораше да се прилагодиме по повредата на Сака. Потоа тие поведоа, ние мораше да реагираме. Постигнавме гол, израмнивме и имавме шанса да победиме“, рече Артета.

Главното прашање е каква е состојбата на Букајо Сака, со оглед на тоа што мораше да излезе по само девет минути игра.

„Загрижени сме. Кога играч ќе го напушти натпреварот со остра болка, никогаш не е добра вест. Но, мора да почекаме.“

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');