Микел Артета ги предупреди фудбалерите на Арсенал дека во својот тим ги сака само тие кои се посветени на клубот по шпекулациите дека Матео Гендузи ќе биде понуден на продажба, а Интер и Манчестер јунајтед се фаворити за неговиот потпис.
Ова доаѓа откако 21-годишниот Французин беше на насловните страници во последно време по конфликтот со напаѓачот на Брајтон, Нил Мопе по 2:1 поразот на „топчиите“, за кој Гендузи избегна казна од ФА, но шпекулациите дека ги провоцирал противничките фудбалери со фалење со неговата плата му нанесе поголема штета.
„Л’Екип“ во петокот објави дека сосема веројатно е тој да биде продаден, а самиот признал дека отворен за трансфер на дисциплинскиот состанок на клубот. Артета не гарантира место на ниту една негова ѕвезда.
„Сите фудбалери кои се во мојот тим, нормално е дека сметам на нив. Ако сакаат да се приклучат и да се борат за клубот, тогаш се добредојдени. Јас сум тука да им помогнам индивидуално и како група. Како што кажав за Матео, внатрешните работи ќе се решат внатре во клубот без јавноста да знае за тоа“, вели Артета.
Гендузи има 4 меча од 13-те на Микел Артета од декември, бидејќи шпанскиот тренер ги преферира Гранит Џака и Дани Себалјос во центарот.