Top Sport

Артета го убедува Обамејанг да го продолжи договорот

Микел Артета самиот ќе се обиде да го убеди Пјер-Емерик Обамејанг да го продолжи договорот со Арсенал и да стане „лидер“ на тимот, тврди британскиот „Телеграф“.

Сегашниот договор на напаѓачот од Габон (со неделна плата од 200.000 фунти) завршува на крајот на следната сезона и клубот се обидува да го заддржи, а Артета смета дека Габонецот може да биде вистинска ѕвезда во тимот.

„Топчиите“ ќе имаат тешка задача да обезбедат топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите оваа сезона, но пораката на Артета е да се гради млад и талентиран тим околу 30-годишниот Обамејанг.

Барселона покажаа интерес за напаѓачот во јануари, но не можеа да дадат 50 милиони фунти за него, а шпекулациите го поврзуваа и со ПСЖ, Челси и Интер. Обамејанг има 61 гол во 97 настапи за Арсенал откако пристигна од Борусија Дортмунд за 56 милиони фунти во јануари 2018 година.

Scroll to Top