Top Sport

Артета на тренинг на Арсенал ја пуштал „You’ll Never Walk Alone“

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ги подготвувал своите фудбалери за гостувањето на „Енфилд“ кај Ливерпул со пуштање на навивачката химна „You’ll Never Walk Alone“, се открива во новиот документарен филм „Се или ништо“ на „Амазон“, кој ја следеше минатата сезона на „топчиите“ и кој официјално ќе биде објавен во четврток.

Пред минатогодишното ноемвриско гостување на Мерсисајд, Артета им наредил на своите соработници да постават звучници околу терените за тренинг и добиле инструкции да ја зголемуваат јачината на звукот за фудбалерите да се навикнат да играат при бучавата. Иако се работи за интересна стратегија, таа не беше успешна, откако Арсенал загубија со 4:0.

Scroll to Top