Top Sport

Артета: Не сум диктатор

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, рекол дека не сака односот со играчте да го гради со диктаторски пристап, но дека од нив бара почит и посветеност.

Шпанецот им се правдал на новинарите за својот потег, откако минатата недела го исфрли од тимот и му ја одзеде капитенската лента на Пјер-Емерик Обамејанг. Артета го повлече овој потег откако Габонецот ги прекршил клупските правила.

„Не градам авторитет со диктаторско однесување. Барам од нив почит и посветеност. Тоа е минимумот. Доколку не го добијам тоа, тогаш сум подготвен да ги спакувам куферите и да си заминам“, рекол Артета.

Арсенал, во Премиер лигата, се наоѓа на четвртото место со 32 бода, 12 помалку од лидерот Манчестер сити.

Scroll to Top