Top Sport

Артета: Не знам дали ќе имаме пари за засилувања

Арсенал синоќа го победи Ливерпул (2:1), а по натпреварот тренерот Микел Артета изразил загриженост во врска со преодниот рок. Артета не е сигурен дали клубот ќе има пари за да донесе нови фудбалери.

Под команда на Артета Арсенал напредува од натпревар во натпревар. Иако некои слабости се видливи „топџиите“ и понатаму се во трката за пласман во Лига Европа. За нешто повеќе на клубот му се потребни квалитетни засилувања.

„Не знам што ќе биде, загрижен сум. Мораш да го изградиш тимот, тука нема никава магија. Мораш да ги унапредиш квалитетот, да имаш квалитетни играчи во тимот. Потребен е голем фонд на играли за да можеш да играш во сите натпреварувања. Тоа е предизвик“, рекол Артета.

Минатото лето Арсенал на засилувања потроши 135 милиони фунти. Со трансферот на Николас Пеп од Лил за 72 милиони фунти Арсенал го урнаа клупскиот рекорд. Покрај Пепе минатото лето на „Емирејтс“ пристигнаа Гарилем Мартинели, Давис Луиз, Киран Тирни и Вилијам Салиба.

Scroll to Top