Top Sport

Артета: Ни недостасува среќа да го „убиеме“ натпреварот

Арсенал одигра 1:1 на „Емирати“ против Борусија Дортмунд во петтото коло од Лигата на шампионите. Тренерот Микел Артета тврди дека неговиот тим немал среќа.

Арсенал поведе со голот на Ѓокереш. Сепак, Борусија на крајот освои бод. И повторно, се дискутира за начинот на кој Арсенал игра откако ќе постигне гол, односно се поставува прашањето зошто се повлекува и зошто не ги завршува натпреварите подобро.

„Можеме да бидеме задоволни од начинот на кој игравме против ваков противник. Нема многу работи што би можел да ги побарам по ваков натпревар“, рече Артета и дополни

„Исто така, постои и елемент на среќа. Секако мора подобро да ги завршуваме акциите. Но, морам да инсистирам дека начинот на кој тимот игра, дека тоа е вистинскиот начин“.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');