Top Sport

Артета: Оваа победа испраќа порака

Тренерот на Арсенал, Микел Артета е горд на своите фудбалери по победата во дербито во Премиер лигата против Манчестер сити.

Тимот од Лондон победи со 1:0 на домашен терен против актуелниот шампион. Стрелец на единствениот гол за беше Габриел Мартинели во 86. минута од натпреварот.

Артета на тој начин го победи својот учител Гвардиола за прв пат во Премиер лигата, а Арсенал го престигна Сити на табелата.

„Пред се, оваа победа испраќа порака до мојот тим, да продолжи да верува во тоа што го работиме. Ова е фантастична група играчи – трудот што го вложија, меѓусебното разбирање, хемијата… Бев горд во средата кога загубивме, а и сега сум горд што сум дел од овој тим“, изјави тренерот на Арсенал.

„Одлично е чувството, се чувствувавме дека ги немаме победено со години, а сега славевме против. Според мене тие се несомнено најдобриот тим во светот. И го направивме тоа на одличен начин. Имаше моменти кога се мачевме, но и моменти кога покажавме одлучност, желба и верба во победата“, рече Артета.

Следниот натпревар Арсенал го игра против Челзи на „Стемфорд Бриџ“.

Scroll to Top