Top Sport

Артета признава: Манчестер сити се најдобриот тим во Европа

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета смета дека Манчестер сити се најдобриот тим во Европа пред нивната неделна пресметка во Премиер лигата.

Тимот на Пеп Гвардиола направи 10 поени предност на врвот на табелата во Премиер лигата по неверојатната низа од 17 победи едноподруго во сите натпреварувања. „Топчиите“ од друга страна, се на 10. место на табелата со само една победа во последните четири меча.

„Тоа што го направија е реагирање на тежок момент. Голем тим треба постојано да покажува дека е голем со тоа што ќе ги замолчи тие кои ги критикуваат. Тие го направија тоа на најдобар начин, обединети и многу силни. Мислам дека се најдобриот тим во Европа во моментов. Начинот на кој играат, постојаноста на резултатите и стилот на фудбал ги прават најдобриот тим. Затоа не чека голем предзвик“, вели Артета.

Откако се пензионираше како фудбалер, Артета ја почна својата тренерска кариера токму во Сити во 2016 како помошник на Гвардиола. Таму ја изгради својата репутација, пред во 2019 година да го замени Унаи Емери на клупата на Арсенал.

Scroll to Top