Top Sport

Карате-гол на Влаховиќ, Фиорентина го доби мечот во борбата за опстанок со Специја

Фиорентина стигна до 3:0 победа над Специја во борба на два тима кои грчевито се обидуваат да ги избегнат последните три места на табелата во Серија А кои водат во понизок ранг.

Откако имаа само една победа во последните пет меча, на клубот од Фиренца се најде во позиција да е зад Специја на табелата, така што победата е добродојдена за тимот на Чезаре Прандели.

Првиот гол на мечот падна во 51. минута, кога српскиот напаѓач Душан Влаховиќ го постигна својот деветти гол оваа сезона, со „карате-удар“ по асистенцијата на Гаетано Кастровили, кој сепак, како да ја изнесе топката во гол-аут пред да ја додаде. Кастровили во 65. минута зголеми на 2:0, пред Валентин Ејсерик во 87. минута да стави печат на мечот.

Со победата, Виола се искачи на 12. место со 25 поени, еден повеќе од Специја, која сега е 16. место.

Scroll to Top