Top Sport

Артета сака да избегне нова „турканица“ со Клоп

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета се надева дека ќе избегне нова турканица со Јирген Клоп пред неделното гостување на „Енфилд“, во еден од клучните мечеви за титулата за „топчиите“.

Артета и Клоп се судрија минатата сезона на „Енфилд“, откако Садио Мане и Такехиро Томијасу се судрија во еден воздушен дуел. Во тој момент беше 0:0, но инцидентот ја мотивираше публиката на стадионот и Ливерпул победи со 4:0. Запрашан дали би направил нешто поинаку, Шпанецот даде интересен одговор.

„Не знам. Би требал да бидам во истата ситуација повторно. Реагирав за да ги заштитам моите играчи на најдобар начин, но не ми се допаѓа кога ќе се видам таков, така што се надевам дека нема да се повтори. Тоа е фудбалот. Се случува, потоа ќе се прегрнеш и оиш понатаму. На нашиот последен меѓусебен меч немаше ништо такво. Имам само респект и почитување за тоа што го прават. Одиме понатаму“, вели Артета.

Арсенал последните сезони имаат катастрофален скор на „Енфилд“, каде што немаат победа од 2012 година, кога Артета беше стартер како фудбалер. Во седум гостински мечви против Ливерпул по пристигнувањето на Јирген Клоп, Арсенал имаат 7:25 гол-разлика.

Scroll to Top