Top Sport

Лампард: Многу сум подобар од времето кога бев во Евертон

Френк Лампард смета дека турбулентниот престој на клупата на Евертон го направила подобар менаџер, откако доби втора шанса да го предводи Челси, овојпат како преоден тренер по отказот за Греем Потер.

44-годишниот Лампард со Челси утре гостуваат кај Вулверхемптон, противник со кој игра првпат откако Лампард доби отказ одд Роман Абрамович во 2021 година, во период во кој клубот беше на деветто место со пет поени зад топ 4 пласман. Сега, тимот е во полоша ситуација – тие заостануваат 14 поени од топ 4, а се наоѓаат на 11. место на табелата.

„Лично, имав фантастична година во Евеертон. Секогаш е чест да се биде менаџер на клуб со таков статус. Имавме одличен момент со опстаноот во лигата и тоа ќе остане со мене секогаш. Дефинитивно сум поинаков тренер сега. Секогаш еволуирате. Секогаш сум бил отворен за нови искуства, за нови лекции и не велам дека ги имам сите одговори. Има многу работи во кои сум подобар. Резултатите секогаш ќе бидат најважни. Сакам да влијаам на клубот најдобро што можам во овој период. Ќе видиме што ќе се случи подоцна“, вели Лампард.

Scroll to Top