Top Sport

Артета со порака пред СП: Ако мислите на повреди, тогаш ќе се повредите

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ги повика своите фудбалери кои се повикани да настапат на Светското првенство да не се „штедат“ на последниот меч пред паузата и да се фокусираат на останување н првото место во Премиерлигата.

10 од фудбалерите на „топчиите“ патуваат во Катар следната недела, вклучувајќи го англиското трио Арон Ремсдејл, Бен Вајт и Букајо Сака, но Артета вели дека фокусот мора да биде на утрешното гостување кај Вулверхемптон. Ако го „израмнат“ резултатот на Сити (кои играат дома против Брентфорд), Арсенал на Божиќ ќе бидат први на табелата.

„Разговарав со нив и им кажав дека ако размислуваат за повреди, тоа најверојатно ќе се случи. Не знам дали ќе биде денеска, утре или на првиот ден подготовки за Светското првенство. Затоа тоа треба да го ‘избијат’ од умот, бидејќи како професионални спортисти секогаш постои тој ризик и работиш со тоа. Би било фантастично да бидеме први за Божиќ, но фокусот секогаш мора да биде на следниот меч. Не постојат долгорочни планови во фудбалот“, вели Артета.

Scroll to Top