Top Sport

Швајцарците со дисциплинска постапка за Балотели

Дисциплинската комисија на Швајцарската фудбалска федерација потврди дека почнува постапка против напаѓачот на Сион, Марио Балотели, но и претседателот на клубот, Кристијан Константин, откако двајцата ја критикуваа федерацијата нарекувајќи ја мафија.

„Не знам со која мафија вие соработуваате, но играчите како мене не се горди што настапуваат во лига во која владеат неправда, корупција и нееднаквост. Јас нема да го ризикувам моето здравје на теренот ако не ме заштитите од повреди и од агресија на навивачите. Целиот свет гледа како функционира овааа лига“, напиша Балотели.

Неговиот газда, Константин го штитеше поранешниот италијански репрезентативец, откако обвини дека во швајцарскиот фудбал важат поинакви правила за тие кои зборуваат француски јазик во однос на тие кои зборуваат германски. Балотели веќе има една дисциплинска постапка, откако покажа среден прст кон навивачите на Базел.

Scroll to Top