Top Sport

Артета: Среќен сум, има хемија, ама Сити и Ливерпул се далеку!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета беше среќен по синоќешната победа со 2-0 на неговиот тим против Манчестер Сити во полуфиналето наа ФА купот.

„И понатаму е голема разликата меѓу нас од една страна и Ливерпул односно Манчестер Сити од друга страна. Но многу сум среќен по оваа победа и тоа најмногу заради играчите. Кога играте против тим како што е Сити мора да го дадете најдоброто од себе и да ја искористите секоја можност која ќе ви се укаже. Нашите играчи имаат сјајна хемија и вистински веруваат во тоа што сакаме да го направиме“ рече Артета по мечот.

Тој ја коментираше и добрата партија на дефанзивецот Давид Луис.

„Не му треба на Давид многу `шефување`, нему му треба само доверба. Тоа е човек кој играл на многу места и освоил многу трофеи. Во кариерата имал и сјајни но и тешки моменти, но сите големи спортисти тоа мора да го имаат. Многу сум задоволен од начинот на кој сега игра“ смета Артета.

Арсенал во финалето на ФА купот го чека подобриот од денешното второ полуфинале меѓу Манчестер Јунајтед и Челси.

Scroll to Top