Top Sport

Артета: Судијата ги смени правилата за да го признае голот на Брентфорд!

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше исто толку бесен како сите навивачи на Арсенал, обвинувајќи ги судиите дека ги „смениле“ правилата при 1:1 ремито со Брентфорд, реми кое може да има големо влијание на исходот на трката за титулата во Премиерлигата.

Ајван Тоуни израмни во 74. минута по првиот гол за Арсенал на Леандро Тросар, за гостите да извлечат заслужено реми на „Емирати“, но Артета е сигурен дека голот требаше да биде поништен бидејќи Итан Пинок беше во офсајд позиција при изведувањето на слободниот удар на Матијас Јенсен.

„Пак ја погледнав ситуацијата и тоа е офсајд. Сега најверојатно ќе дадат некое објаснување, бидејќи не го добивме во текот на мечот. При поставување на одбраната се почитувааат одредени принципи и со следење на правилата. Ако одеднаш ги смениш правилата, тогаш се менува и принципот. Нека ни го кажат тоа“, вели Артета.

Арсенал имаат шест поени предност пред Манчестер сити, кои денеска играат со Астон вила, пред големото дерби Арсенал-Сити во среда на „Емирати“.

Scroll to Top