Top Sport

Артета: Тросар веднаш ќе се вклопи во тимот

Леандро Тросар го комплетираше трансферот од Брајтон во Арсенал во договор вреден 26 милиони фунти, заминувајќи по конфликтот со менаџерот Роберто де Ѕерби и засилувајќи го тимот на Микел Артета, кој се бори за титулата оваа сезона.

Арсенал имаат пет поени предност пред Манчестер сити на табелата со натпревар помалку (дербито со Манчестер јунјтед) и Артета смета дека 28-годишниот Белгиец веднаш ќе го крене квалитетот на тимот.

„Клубот заврши одлична работа со потпишувањето на Леандро. Тој е играч кој може да игра на повеќе позиции, има високи технички квалитети и интелигенција и големо искуство во Премиерлигата и во репрезентацијата. Леандро го засилува тимот во клучниот втор дел од сезоната“, се пофали Артета.

Scroll to Top