Фудбалскиот клуб Арсенал потврди дека Микел Артета повеќе нема да биде тренер туку ќе биде менаџер на привот тим. Ова е прв пат по заминувањето на Арсен Венгер некој да ја добие менаџерската функција. Претходно Унаи Емери и Микел Артета ја имаа функцијата главен тренер.
Арсенал по д водство на Артета сезоната ја заврши со трофејот во ФА купот, а новата сезона ја започна со трофејот во Комјунити шилд. Очигледно е дека екипата под водството на шпанскиот тренер бележи напредок. Поради тоа клубот реши да го унапреди.
Изминатите девет месеци веројатно беа најпредизвикувачки во историјата на Арсенал, а присутни сме 134 години. И покрај сите предизвици со кои се соочивме Микел беше тој што не водеше напред. Поради него порасна расположението кај сите во клубот и кај нашите навивачи. Навистина фантастично си ја врши работата“, рекол новиот извршен директор на клубот Винаи Венкатешам и дополнил.
„Од првиот ден ни стана јасно дека ќе биде мног повеќе од главен тренер. Поради тоа го унапредивме. Ова е награда за неговата досегашна работа“.
Унапредувањето значи дека Артета како тренер ќе има целосна контрола врз трансферите и се што е поврзано со првиот тим.