Иако менаџерот Микел Артета изјави дека тие „дефинитивно“ сакаат да го играат неделното дерби на северен Лондон против Тотенхем, Арсенал официјално побараа одложување на мечот, јавуваат бритаските медиуми.
Според „Дејли мејл“ во Тотенхем се лути на доцното барање на „топчиите“, кои ќе биде разгледувано утре и доаѓа откако вчера Арсенал одиграа 0:0 против Ливерпул во полуфиналето на Карабао купот.
„Со неволност се решивме на овој чекор, но имаме премногу фудбалери кои не се достапни во тимот поради КОВИД, повреди и Африканскиот куп на нации“, се вели во објавата на Арсенал.