Top Sport

Руска ММА фарса – порно-ѕвезда против блогерка, хаос во кафезот!

Од Русија повторно ни доаѓа неверојатен ММА меч во организација на Епик фајтинг шампионатот (ЕФЦ) во кој имаше битка на родовите – Александер Пистолетов против Саша Мамаха.

Пистолетов е руски пејач и порно-ѕвезда, додека Мамаха е блогерка, а нивниот меч за малку ќе беше прекинат откако еден фан се обиде да влезе во кафезот, а бизарно интервенираше судијата на мечот.

Кога, конечно почна, Пистолетов стигна до победа со зафат, но од тимот на противничката се бунтуваа, по што се одигра и четврта рунда во која Мамаха победи на поени!

Една од најбизарните битки во историјата на ММА борбите.

Scroll to Top