Top Sport

Артета во својот тим сака да го има Собослаи

Арсенал планираат уште едно засилување во редот за врска. Минатото лето со трансфер во Арсенал се поврзуваше капитенот на Лион, Хусем Ауар. „Топџиите“, во Реал Мадрид, добија жесток конкурент за потписот на Ауар, поради што ќе се насочат кон друг фудбалер.

Планот на Арсенал и менаџерот Микел Артета е да го донесат во Лондон, Доминик Собослаи од Салцбург. Унгарецот е голем талент и што е најважно за Арсенал многу е поевтин од Ауар.

Според медиумите, ценатта на Собослаи се движи помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Сериозен интерес за овој фудбалер покажува и Милан.

Од почетокот на сезоната, Собослаи одиграл 12 натпревари за Салцбург, постигнал пет гола и забележал осум асистенции.

Scroll to Top