Top Sport

Артета загрижен за повредата на Калафиори

Арсенал синоќа го победи Шахтјор со 1:0 во третото коло во Лигата на шампионите. „Топџиите“ славеа со авто голот на Рижик во 29.минута, во 77. пенал не реализира Тросар.

Арсенал не блескаше против шампионот на Украина, но за Артета најважни се трите бода. Шпанскиот стратег повеќе од просечната игра е загрижен за повредата на Рикардо Калафиори.

Италијанскиот дефанзивец во 72.минута мораше да го напушти теренот.

„Во моментов немам точни информации за што се работи, но сигурно не изгледа добро. Чувствуваше болка во коленото, се обидуваше да игра, но не можеше. Ќе видиме по деталните лекарски прегледи за каква повреда се работи“, изјави Артета.

Калафиори е неизвесен за дербито со Ливерпул во ндела.

„Имавме пауза поради репрезентативни обврски и некои играчи се навистина уморни, па не ни очекував дека ќе бидеме полни со енергија за овој натпревар, особено што пред два дена одигравме натпревар во домашното првенство. Имаме неколку дена одмор и рехабилитација пред нас и не грижете се, моите играчи ќе летаат на теренот против Ливерпул“, рече Аретата.

Scroll to Top