Top Sport

Артета засега не го коментира Озил, вели најдобрите ќе играат

Новиот тренер на Арсенал, Микел Артета очигледно не сака со конфликт да ја почне работата како менаџер на „топчиите“, откако избегна директно да одговори на прашањето за Месут Озил и неговото однесување на теренот.

Преодниот тренер, Фреди Љунгберг, изјави дека Озил не се однесувал „достојно“ за фудбалер на Арсенал откако луто реагираше кога беше заменет при 3:0 поразот од Манчестер сити на 15 декември. Љунгберг потоа не го повика за дуелот со Евертон, иако изјави дека е повреден.

„Тоа е прашање за Фреди, јас само сакав тој да направи избор и да истрча со најдобриот можен тим против Евертон. Мојата работа почна веднаш по натпреварот и сега јас ќе ги бирам сите фудбалери, прво ментално. Морам да ги поставам во ментална позиција со која ќе можеме да работиме. За мене сите почнуваат од нула. Им го кажав тоа директно“, вели Артета.

Љунгберг: Озил не се однесува како што му доликува на фудбалер на Арсенал

Scroll to Top