Top Sport

Љунгберг: Озил не се однесува како што му доликува на фудбалер на Арсенал

Преодниот тренер на Арсенал, Фреди Љунгберг го критикуваше Месут Озил за неговото бунтовништво за време на дербито со Манчестер сити во Премиер лигата минатиот месец.

Германецот ги шутна своите ракавици кога беше повлечен од игра во 59. минута од мечот кој заврши со 3:0 пораз од актуелниот шампион. Љунгберг, кој последен пат беше на клупата на „топчиите“ при 0:0 ремито со Евертон во саботата, пред именувањето на Микел Артета за прв човек на клубот, откри дека Озил би бил исфрлен од тимот доколку не бил повреден.

„Фановите не се задоволни. Ме прашуваа и кажував: ’Во Арсенал не се однесуваме така и не правиме така’. Стојам зад тоа. Месут беше повреден, но немаше да го изберам во тимот бидејќи сакав да покажам став, нешто што не го прифаќаме од фудбалерите на Арсенал“, изјави Љунгберг.

Ова не е првпат оваа сезона фудбалер на Арсенал да биде вклучен во слична контроверза при замена, откако Гранит Џака реагираше луто и ги пцуеше навивачите при мечот со Кристал палас во октомври, по што ја загуби капитенската лента.

Scroll to Top