Top Sport

Артета, засега, не размислува за Барселона: Среќен сум во Арсенал

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ги отфрли последните шпекулации кои го поврзуваат со неговиот поранешен клуб, Барселона, инсистирајќи дека е фокусиран на проектот со „топчиите“ и дека е среќен во Лондон.

Артета произлезе од славната фудбалска академија на каталонскиот клуб „Ла масија“, но си замина без ниту еден одигран меч со трансфер во Пари Сен-Жермен. Како тренер откако му беше помошник на Пеп Гвардиола во Манчестер сити, со Арсенал по лошиот почеток, оваа сезона ги искачи на првото место на табелата. Пред утрешниот меч од Лига Европа против Цирих, тој вели дека е среќен во Арсенал.

„Пресреќен сум. Горд сум што сум дел од овој клуб. Мислам дека и самата Барселона е на добар пат. Имаат фантастичен тренер во Чави, човек кој е вистинска легенда во тој клуб и кој може да го крене клубот и тоа мора да го почитувате“, вели Артета.

Scroll to Top