Top Sport

Тимо Вернер со незгодна повреда, неизвесен за СП?

Германскиот напаѓач Тимо Вернер мораше да излезе од игра со повреда на мечот на Лајпциг против Шатхјор Доњецк во Лигата на шампионите, зголемувајќи ги стравувањата дека нема да биде достапен за селекторот Ханси Флик на само три недели пре стартот на Мундијалот.

Вернер беше фаулиран додека ја додаваше топката во 17. минута и веднаш побара замена, пред да седне на теренот и да биде заменет со Емил Форсберг.

26-годишниот Вернер се врати во Лајпциг оваа сезона по разочарувачки две сезони во Челси, и се врати во одличен стил со 9 гола во 15 меча. Тој е постојан германски репрезентативец и има 24 гола во 55 меча, а беше стартер на последните осум меча на Германија. „Маншафт“ го отвара шампионатот против Јапонија на 23 ноември.

Scroll to Top